Медот е густа, слатка, сладникава материја, производ на пчелите работнички (Apis mellitica), добиен од собрани овошни и други сокови преработени во пчеличен меден желудник и одреден временски период отстоен во поклопено саќе. Спрема видовите билки од кои се добива, или како што пчеларите милуваат да кажуваат, во зависност од тоа каде пчелите одат на паша, медот е класифициран како монофлорен (мед добиен од само еден вид на билка, на пример, багрем) и полифлорен (мед добиен од собрани нектари од повеќе видови билки, како на пример, ливадски мед, шумски мед и др.). Во нашите краеви најчести видови на мед се: цветен, шумски, багремов, ливадски, липов и сончогледов.